Во тек се градежни зафати за реконструкција на пешачката патека на улица „Нада Бутникошарова“, поточно помеѓу дуќаните и долниот дел на Градскиот пазар. Градежните работи на вкупна површина од 177 метри опфаќаат рушење на асфалтните површини на коловозот и на тротоарите, како и поплочување на патеките за движење на пешаците со бехатон.

Со изградбата на Покриениот пазар и реконструкцијата на сите околни улици овој дел на градот доби комплетно нов лик и целосна функционалност.