Општина Велес ја информира јавноста дека во тек е подготовка и аплицирање на 15 проекти за капитални инвестиции на територијата на Општина Велес, во соработка со Владата.  Дел од нив ќе се аплицираат денеска, а останатите, согласно предвидената динамика, во наредниот период.

Со овие проекти се обезбедуваат средства за:

  1. Реконструкција на патот  Отовица – Сојаклари;
  2. Реконструкција на патот Чалошево – Дорутовец;
  3. Реконструкција на влез во село Иванковци;
  4. Реконструкција на влез во Башино Село – потег од Енмон до сред село;
  5. Реконструкција на влез во село Караслари – потег од бензиска станица Макпетрол до сред село;
  6. Реконструкција на влез во село Мамутчево;
  7. Реконструкција на плоштад во центарот на градот;
  8. Реконструкција на протвпожарен дом, заедно со помошен објект и партерно уредување;
  9. Реконструкција на спортска сала „Гемиџии“ – електрика, водовод и дел од архитектура;
  10. Реконструкција на улица „Васил Главинов“ со изградба на потпорен ѕид;
  11. Реконструкција на фасада на ССОУ „Димитрија Чуповски“
  12. Реконструкција на улица „Васил Ѓорѓов“ – од крстосницата кај театарот до плоштад Којник;
  13. Реконструкција на улица „11 Октомври“;
  14. Реконструкција на улица „Белградска“ – делница од градинката до магацините на ЈКП „Дервен“;

Реконструкција на улица „Алексо Демниевски Бауман“ – потег од поранешен Жито Вардар до железничка станица.