Фестивалот на велешка пита и вино „Питијада 2024“ ќе се одржи на 11, 12 и 13 октомври. Во тек се подготовките за најмасовната и најпосетената манифестација на која центарот на вниманието е вкусната традиционална велешка пита, но и богатата музичка понуда за сечиј вкус. Повеќе детали за настанот Општина Велес ќе објави наскоро на официјалната веб страница и на социјалните мрежи.