Заврши уште една спектакуларна Питијада во Велес. Три дена градот пулсираше во ритамот на музиката, добрата забава со илјадниците посетители и секако со мирисот на вкусната пита пастрмајлија. Гости од цела Македонија дојдоа вистински да уживаат во позитивната празнична атмосфера што ја приредија бројните музички гости, но и да ја вкусат најдобрата пита пастрмајлија на овие простори, залиена со најубавото вино.
Општина Велес упатува искрена благодарност до сите што придонесоа за успешната реализација на манифестацијата – учесниците, музичките изведувачи, угостителите, производителите, организаторите, институциите и сите соработници.
Посебна благодарност упатува до публиката, која и покрај дождот покажа неверојатна енергија, верност и љубов кон Питијадата, останувајќи до самиот крај.
До следната Питијада – со уште повеќе музика, вкусови, дружење и незаборавни моменти!











