По повод одбележувањето на 77-годишнината од загинувањето на револуционерот и поет, великанот Коста Солев Рацин, еколошката групација „Грин Пауер”, од Велес, годинава, по втор пат организираше планинарски Марш во чест на Рацин, од Велес до Лопушник, Кичево, местото на неговото трагично загинување.

Општина Велес финансиски го поддржа овој настан и обезбеди превоз за учесниците.

На организаторите од еколошката групација „Грин Пауер” од Велес им се приклучија учесници од СПД „Зелен рај” од Велес, СПД „Волчко” од Битола, ЗПЗП „Козјак 2013” од Куманово, ПСК „Бистра” од Кичево, како и ентузијасти – планинари и почитувачи на делото и ликот на Коста Солев Рацин кои положија свежо цвеќе и го посетија спомен обележјето на планината Лопушник.

За разлика од минатата година кога  „Маршот за Рацин” се одржа во времетраење од шест денови, заради состојбата со Ковид-19, оваа година истиот се одржува само еден ден, со помал број на учесници и со почитување и применување на мерките и протоколите за заштита при движење во група во планина, како и за превоз во автобус.