Намита Субиото од Република Словенија годинава го доби Почесното Рациново признание за нејзиниот придонес во развојот и афирмацијата на македонскиот јазик надвор од границите. На свечен настан, во Амфитеатарот, Признанието и го додели градоначалникот Марко Колев. Во чест на наградената, 15 поети од Македонија, Србија, Бугарија и Албанија читаа дел од своите поеми и стихови.
Посетителите на свеченото доделување на Почесното Рациново признание, освен што уживаа во стиховите на поетите имаа можност да го проследат и прекрасниот концерт на Васил Хаџиманов Бенд.
Во рамки на 62. Рацинови средби претходеше и промоција на тритомното издание Кочо Рацин, во редакција на академик Катица Ќулавкова, проф. д-р Венко Андоновски, проф. д-р Искра Ташевска Бошкова и проф. д-р Весна Мојсова – Чепишевска.




















