По повод 77-годишнината од загинувањето на револуционерот и поет Коста Солев Рацин, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски и делегаци и претставници на семејството на Рацин, Советот на Општина Велес, општинската администрација, Клубот на писатели „Коста Солев Рацин”, јавните установи и СОУ „Гимназија Кочо Рацин”, денес положија свежо цвеќе пред паметниците на великанот во центарот на градот и во дворот на Гимназијата.