Во преполната сала на велешкиот театар вчеравечер почна третото издание на театарскиот фестивал на комедија „5ре“. Во чест на доајенот на македонското актерство Петре Прличко, овогодинешната награда за животно дело ја доби акетрот Тони Михајловски. Наградата му ја врачи градоначалникот Марко Колев.

Првата фестивалска вечер започна со премиера на велешкиот тетатар Ј.Х.К.Џинот  и маестралната изведба на претставата „Вечера за глупаци“.

Фестивалот „5ре“ ќе трае до 31 март. Љубителите на тетатрската комедија ќе имаат можност да изгледаат уште пет претстави и една детска. Следна на репертоарот е претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“ на Драмски театар, што ќе се одржи на 22 март.