Почнува зимската бајка во Младински парк во Велес. Годинава, пет дена, од 25 до 30 декември, велешани ќе имаат можност да уживаат во предновогодишната забава насловена „Винтерфест Велес“. Бројни забавувачи, пеачи, групи, маскоти, со својот репертоар ќе се потрудат да ги развеселат последните денови од годината. На радост на најмладите, Општина Велес се погрижи да го донесе Дедо Мраз кој ќе им подели новогодишни пакетчиња.
Предновогодишната забава понува денес, среда, во 16:30 часот и ќе трае до 22:30 часот. Посетителите ќе имаат можност да се стоплат со греано вино и ракија што ќе се продава во дрвените куќички.
За време на Винтерфест, ќе биде отворен и новогодишниот базар со 20 ракотворци од Велес.