Денеска почнува да се гради долниот дел на Градскиот пазар. Градежните работи ги изведува фирмата „БВ Инженеринг“ од Битола. Вкупната вредност на работите изнесува 50.248.059 денари. Рокот на изведба е една година. Тезгите се дислоцирани на паркингот спроти Бифе скара „Пармак“.

„ЈКП „Дервен“ треба да склучи договор со фирмата избрана на тендер за набавка на нови тезги и штом ќе биде готов горниот дел на пазарот, ќе ги префрлиме продавачите на горниот дел и тој ќе биде ставен во функција. Горниот дел ќе биде готов на почетокот на октомври и на тој начин ќе може непречено да се изведуваат работите на долниот дел на пазарот“, рече Градоначалникот Коцевски на денешната прес конференција.