СООПШТЕНИЕ

Во текот на октомври 2019 година ќе се подготвуваат нацрт-програмите за активностите на Општина Велес во 2020 година во областа на:

  • образованието,
  • културата,
  • социјална заштита
  • здравствена заштита,
  • спорт и млади,
  • поддршка на НВО секторот,
  • меѓународна соработка,
  • локален економски развој,
  • заштита на животна средина,
  • комунални дејности,
  • урбанистичко планирање

Сите здруженија на граѓани кои имаат предлози од поширок интерес на заедницата и конструктивни идеи за активности што треба да се реализираат во 2020 година, можат да ги доставуваат до службите во Општина Велес.
Предлозите се доставуваат на образец што Ви е достапен во електронска форма подолу по ова известување.

Предлозите се доставуваат до Општина Велес, ул. „Панко Брашнар“ бр.1. најдоцна до 30.10.2019 година.

По нацрт-програмите ќе бидат организирани јавни расправи на кои можат да учествуваат сите заинтересирани граѓани.

Со почит,
Градоначалник
на Општина Велес,
Аце Коцевски