„Сокачето на поезијата“ вчеравечер одекнуваше од стиховите на велешките поети. Писатели и членови на клубот на писатели што го носи името на великанот Коста Солев Рацин настапија со свои поетски читања. Во чест на Рацин, го споделија својот поетски збор инспирирани од истата жар -љубовта кон татковината, јазикот и вистината.

Поетското читање го отвори проф. др Васил Тоциновски а по него настапија Елизабета Бандиловска, Ѓотре Ѓелев, Нада Алексоска, Јасмина Ѓорѓиева, Соња Гаврилова, Атанас Крлевски, Радица Ѓорѓевиќ, Мима Лазова, Марина Стојанова, Соња Карбева, Емилија Златкова Анастасова, Десанка Николова, Алија Авдовиќ, Божидар Јовиќ.

Освен во преубавите стихови, посетителите на настанот уживаа и во соло изведбата на виолинистката м-р Елена Ѓорѓиевска.

Во рамки на чествувањето на Рацин се одржа и промоција на списанието „Велес“ а негов промотор беше истакнатиот македонски писател Васил Тоциновски.

  1. Рацинови средби продолжуваат со меѓународна научна конференција на тема „Рациновите одблесоци врз современиот македонски јазик и книжевноста“ во организација на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ – Скопје.