Во чест на Рацин, домашни и странски поети беа дел од поетското читање „Мугри во срцето“ што се одржа во Локалната библиотека Гоце Делчев.
Во рамки на одбележувањето на 62. Рацинови средби се одржа и трибина на македонски јазик на која учествуваа истакнати имиња од научната мисла, македонскиот јазик и литература. Трибината се одржа под слоганот на 62. Рацинови средби „Зборот од мугрите-аманет што не згаснува“.
Рациновите средби продолжуваат вечерва со промоција на романот „Цреша“ од авторот Александар Кукулев.
























