Почитувани,

Општина Велес врз основа на член 8 и член 30 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24) и член 69 од Статутот на Општина Велес („Службен гласник на Општина Велес“ бр.01/26),Ве поканува на Jавнa трибина (расправа) по Предлог-програмите на Општина Велес за 2027 година.

Јавната расправa ќе се одржи на ден 10.11.2026 година (вторник)  во електронската сала на Општина Велес и тоа за:

  • претставници од областите на образованието, културата, здравствената и социјална заштита, како и од здруженија и фондации (невладини организации, културно уметнички друштва, спортски клубови итн.) и заинтересирани граѓани во 16:00 часот
  • претставниците од урбани и месни заедници и заинтересирани граѓани со почеток во 18:00 часот

 

На Јавната расправа ќе бидат разгледувани Предлог-програмите на Општина Велес за 2027 година:

  1. Предлог – програма за активностите на Општина Велес во областа на промоцијата и афирмацијата преку јавни настани и манифестации, комуникацијата со јавноста и меѓународната соработка во 2027 година;
  2. Предлог –програма за активностите на Општина Велес во областа на културата во 2027 година;
  3. Предлог –програма за активностите на Општина Велес во областа на образованието во 2027 година;
  4. Предлог –програма за активностите на Општина Велес во областа на социјалната заштита во 2027 година;
  5. Предлог –програма за активностите на Општина Велес во областа на здравствената заштита во 2027 година;
  6. Предлог –програма за активностите на Општина Велес во областа на спортот во 2027 година;
  7. Предлог –програма за активностите на Општина Велес за поддршка на младите во 2027 година;
  8. Предлог –програма за активностите на Општина Велес за поддршка на граѓанскиот сектор во 2027 година;
  9. Предлог – програма за активностите на Општина Велес во областа на уредувањето на градежното земјиште во 2027 година;
  10. Предлог – програма за изработка на урбанистички планови во Општина Велес во 2027 година;
  11. Предлог – програма за активностите на Oпштина Велес во областа на евроинтеграциите и локалниот економски развој во 2027 година;
  12. Предлог – програма за активностите на Општина Велес во областа на заштитата на животната средина во 2027 година;
  13. Предлог – програма за одржување на јавната чистота на територијата на Општина Велес во 2027 година;
  14. Предлог – оперативна програма за одржување на јавното зеленило на територијата на Општина Велес во 2027 година;
  15. Предлог – оперативна програма за реконструкција и подигање на нови зелени површини на територија на Општина Велес за 2027 година;
  16. Предлог – програма за одржување на комунална чистота и реализација на проекти од комунална инфраструктура преку ангажирање на невработени лица на територијата на Општина Велес во 2027 година;

Покана