Заврши реконструкцијата на покривот на спортската сала што ја делат дбвете средни училишта ССОУ „Димитрија Чуповски“ и СОУ „Гимназија Кочо Рацин“. Дополнително се изврши и замена на старите со нови прозори со што се обезбедија функционални и безбедни услови за спортски активности, зачувување на објектот и создавање пријатна средина за учениците и наставниците.
Средствата за реконструкција на покривот за спортската сала се обезбедени во соработка со Владата и Министерството за образование и наука.








