Во организација на Општина Велес и ЛУ Народен музеј Велес денеска, во просториите на музејот се одржа изложба на девет портрети од последниот зограф и профан сликар Ѓорѓи Зографски. Изложбата со наслов „Портретното сликарство на Горѓи Зографски“ се реализира по повод 78 годишнината од смртта на зографот. Портретите се во приватна сопственост на членови од семејството на Зографски а дел од нив се и во сопственост на црквите. Меѓу посетителите на изложбата беше и неговата снаа Панда Зографска која отстапи три портрети од нејзината приватна колекција.
„Голема благодарност до Општина Велес, градоначалникот и Народниот музеј за укажаната почит кон Ѓорѓи Зографски и неговите дела. Тој остави дела и спомени во сите семејства кои се негови наследници, неговиот лик и неговото дело ќе продолжат да живеат во генерациите што следат“, рече Зографска.
Заинтереисраните граѓани ќе имаат можност во наредните 30 дена да ја проследат изложбата на Зографски и да ги видат портретите на Димче Левков, Димитрија Аџи Манче, Димко Чокал, Михаил Чекрдаков како и на други познати личности, видни еснафи во занаетчиството и трговијата.
Настанот беше пропратен со изведбата на виолинистката Камелија Дукова Зефиќ.