Вчера во Велес се поставен камен-темелникот на подземната катна гаража, со што започна изградбата на овој значаен инфраструктурен проект со кој ќе се создадат 100  паркинг-места,  и над кој ќе биде изграден современ градски плоштад.

На свеченоста присуствуваа премиерот Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, пратениците Игор Здравковски и Александар Јамалов и градоначалникот на Општина Велес, Марко Колев.

Градоначалникот Колев се заблагодари на сите вклучени во капиталниот проект кој се гради со пари што ги обезбеди Владата преку унгарскиот кредит. Особено упати благодарност до граѓаните за трпението и разбирањето додека траат градежните активности.

Заедно го посетија и командниот центар за „Safe City“ во СВР Велес, безбедносниот систем кој од саботата е активен на територијата на Општина Велес.