„Лежечки полицајци“ на улицата кај Стар мост. За поголема безбедност на пешаците во овој дел од градот поставени се нови средства за смирување на сообраќајот. Оваа точка на делницата беше критична поради густиот сообраќај на возила и пешаци и претставуваше ризик по безбедноста на граѓаните. Со измената на законските прописи и поставување на т.н. лежечки полицајци, овој проблем се надмина. Дополнително, поставени се и столпчиња помеѓу препреките, со цел избегнување на нивно заобиколување.

Во наредниот период планирано е да се постават попречни препреки и на друга фрекфентна локација за да се обезбеди поголема сигурност на сите учесници во сообраќајот.