Во рамките на проектот за инклузија на ромите финансиран од УСАИД, денеска Градоначалникот Аце Коцевски потпиша меморандум за соработка со м-р Елвис Шакири, извршен директор на Институтот за истражувања и анализа на политики „Ромалитико“ од Скопје.
Врз основа на меморандумот во наредниот период взаемно ќе се соработува на реализацијата на голем број активности меѓу кои следење на промените и проблемите во заедницата, застапување на предлозите на граѓаните како и соработка со институциите на локално ниво со цел да се подобрат услугите и правата на жителите од ромската заедница.
Во рамките на проектот ќе бидат формирани проектни тимови во кои ќе учествуваат претставници на општината кои работат во различни сектори како урбанизам, социјална заштита и други области на надлежности.