Изградбата на потпорниот ѕид на улица „Кумановска“ е во завршна фаза со што ќе се обезбеди стабилност на улицата и косината на железничката пруга Велес-Битола. По завршувањето на потпорниот ѕид, ќе се продолжи со реконструкција на улицата.
Општина Велес упатува благодарност до граѓаните кои покажаа разбирање и трпение во изминатиот период додека се работеше на изградба на потпорниот ѕид.