Градоначалникот на Општина Велес, на предлог за одобрување на планска програма за изработка за Детален урбанистички план за дел од УБ 34, УЕ 5 (Централно градско подрачје), К.О. Велес, Општина Велес, Комисијата за урбанизам од член 38, формирана од Градоначалникот на Општина Велес, со Решение бр. 08-628/1 од 08.02.2021 година, согласно Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/20), член 44, став 7, го донесе следното:

РЕШЕНИЕ

Се одобрува Планска програма со УП број 1310-43 и со број на постапка 38739 за изработка за Детален урбанистички план за дел од УБ 34, УЕ 5 (Централно градско подрачје), К.О. Велес, Општина Велес, изработена од Друштво за проектирање, изведување, консалтинг и компјутерски инженеринг ДИЗАЈН ЦЕНТАР ИНЖЕНЕРИНГ, со тех. број 3864 од Март 2022 година.

Градоначалникот на Општина Велес врз основа на приложената документација кон предлогот за одобрување планската програма од Комисијата за урбанизам од член 38,  при Општина Велес, констатира дека барањето е основано и се исполнети условите од Правилникот за урбанистичко планирање и  Законот за урбанистичко планирање (Службен Весник на РСМ бр.32/2020).

Правна поука: Против ова Решение може да се изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на истото, до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот. Жалбата се таксира со 250,00 ден. административни такси.

Градоначалник

на Општина Велес

Марко Колев

Решение