Градоначалникот на Општина Велес, постапувајќи по барањето поднесено со УП број 1310-06 од 26.01.2022 година од страна на Друштво за проектирање, трговија и инженеринг УРБАН ПРОЕКТИНГ ДООЕЛ Велес, за одобрување на Проектна програма, врз основа на член 58 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр.32/2020), член 58 и член 60 од Правилникот за урбанистичко планирање(Службен весник на РСМ бр.225/2020 и 219/2021), го донесе следното:

Р Е Ш Е Н И Е

Се одобрува Проектна програма со УП број 1310-06 и со број на постапка 40539 од 26.01.2022 година, изработена од Друштво за проектирање, трговија и инженеринг УРБАН ПРОЕКТИНГ ДООЕЛ Велес, за изработка на Проектна програма за УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН СО НАМЕНА А4.3 ВИКЕНД КУЌИ НА КП 468/1, КП 468/2, КП 468/3, КП 472, КП 474/1, КП 474/2, КП 476/2, КП 475, КП 476/1, ДЕЛ ОД КП 433/10, ДЕЛ ОД КП 479 И ДЕЛ ОД КП 480 КО КАЛАСЛАРИ, ОПШТИНА ВЕЛЕС

О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е

Подносителот Друштво за проектирање, трговија и инженеринг УРБАН ПРОЕКТИНГ ДООЕЛ Велес поднесе барање за одобрување на Проектна програма со УП број 1310- 06 број на постапка 40539 од 26.01.2022 година, за изработка на УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ ВОН ОПФАТ НА УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН СО НАМЕНА А4.3 ВИКЕНД КУЌИ НА КП 468/1, КП 468/2, КП 468/3, КП 472, КП 474/1, КП 474/2, КП 476/2, КП 475, КП 476/1, ДЕЛ ОД КП 433/10, ДЕЛ ОД КП 479 И ДЕЛ ОД КП 480 КО КАЛАСЛАРИ, ОПШТИНА ВЕЛЕС.

Со барањето ја приложи следната документација и докази:

  1. Барање за одобрување на Проектна програма;
  2. Проектна програма со тех.бр.38/21, од Мај 2022 година;
  3. Графички прилог на проектната програма;(dwg )
  4. Услови за планирање на просторот со тех.бр.Y33921 од Јануари, 2022 година, издадени од Агенција за планирање на просторот.
  5. Решение за услови за планирање на просторот со арх.бр.УП1-15 28/2022 од

20.01 2022 година, издадено од Министерство за животна средина и просторно планирање – Сектор за просторно планирање.

Комисијата за урбанизам формирана од Градоначалникот на Општина Велес, со Решение 08-600/1 од 02.02.2022 година, по разгледување на приложената документација кон барањето, извршениот увид во истата, постапување по забелешките од страна на проектантот, констатира дека барањето за одобрување на Проектната програма е основано и е во согласност со член 60 од Правилникот за урбанистичко планирање(Службен весник на РСМ бр.225/2020 и 219/2021), за што до градоначалникот достави Предлог за одобрување на Проектната програма со бр. 1310- 17 од 05.07.2022 година, во кое даде позитивно мислење и предлага истата да се одобри.

Градоначалникот на Општина Велес врз основа на приложената документација кон барањето и предлогот за одобрување на Комисијата за урбанизам при Општина Велес, констатира дека барањето е основано и се исполнети условите од Правилникот за урбанистичко планирање и Законот за урбанистичко планирање (Службен Весник на РСМ бр.32/2020) за негово одобрување.

Врз основа на горенаведеното, Градоначалникот одлучи како во диспозитивот.

Правна поука: Против ова Решение може да се изјави жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на истото, до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот. Жалбата се таксира со 250,00 ден. административни такси.

 

Градоначалник на Општина Велес

Марко Колев

Решение

Проектна програма