Денеска продолжи одбележувањето на празникот на патронот и заштитникот на градот Св. вмч. Пантелејмон. Во соборниот храм што го носи неговото име утрово голем број верници се поклонија пред светецот и присуствуваа на Архиерејската литургија со која чиноначелствуваше Неговото Високопреосвштенство митрополит Повардарски Г. Агатангел заедно со македонското православно свештенство од Повардарската епархија.
На литургијата присуствуваше и градоначалникот Марко Колев.
Општина Велес го прогласи Св.Великомаченик Пантелејмон за заштитник патрон на градот во 2009 година.