Во детското одделение на Општа болница Велес денеска се предаде опремата што се обезбеди од собраните средства на божиќно – хуманитарниот концерт на Сара Мејс и девојките што се одржа на 10 јануари годинава во велешкиот театар Јордан Хаџи Константинов Џинот, во соработка со театарот и ОО на Црвен крст Велес. На примопредавањето беше присутен градоначалникот Марко Колев, секретарот на ОО на Црвен крст Орце Николов и директорот на театарот Жарко Спасовски.
Донацијата се состои од машина – инфусомат, наочари за фототерапија за неонатални пациенти и три телевизори за потребите на детското одделение.





