Со примопредавање на донации од пилатес топки со соодветни подлоги за вежбање, велосипеди за деца, топки за разни спортови, спортски реквизити, маички, освежителни пијалоци и житарки, овозможени од општествено одговорни компании, денес продолжија активностите за одбележување на Европската недела на мобилност 2023.

Донациите ги овозможија „Нестлè Адриатик д.о.о.е.л. Македонија”, „Еуро-Фарм”, „Стокомак”, „Виталиа Никола ДОО”, „Базаро” и ДПТУ „КОЛА“ ДООЕЛ, а беа поделени во ОЈУДГ „Димче Мирчев” и во сите општински основни и средни училишта.

Партнери и поддржувачи на активностите за одбележување на ЕНМ 2023 во Велес се и Делегацијата на Европска унија и Европска куќа Велес, Министерство за животна средина и просторно планирање, ЕГ „Грин пауер”, ЗГ „Велес бајкинг”, Здружение на лица со церебрална парализа и други попречености, ОЈУ Детска градинка „Димче Мирчев”, ООУ „Рајко Жинзифов”, Горно Оризари, Велес, МВР-СВР Велес, Општинска организација на Црвен крст – Велес, Младински центар Велес, како и Отворен регионален фонд за енергетика, транспорт и климатска заштита (ORF-ETC), Германско друштво за меѓународна соработка (GIZ).

Општина Велес ќе ја заокружи Европската недела на мобилност 2023, утре, 22 септември, кога ќе се одбележи меѓународниот Ден без автомобили со организирање на рекреативна пешачка и велосипедска тура (off road патека) до врвот Вршник во Велес. На настанот кој е од отворен карактер и во соработка со ЕД „Грин Пауер”, Велес и ЗГ „Велес бајкинг”, Велес, ќе се придружат и Здруженија на граѓани, амбасадори и претставници од повеќе меѓународни организации и институции.

Детални информации за настанот можат да се најдат на официјалната интернет страница на Општина Велес.