Ќе се подигнува јавната свест кај средношколците во градот за безбедноста во сообраќајот. Учениците ќе бидат дел од предавањата во организација на  Општинскиот совет за превенција на детско претстапништво. Предавањата ќе ги одржи претставник на Адвокатската комора на Македонија и член на ОСПДП, Грозданчо Сутинов.

Целта на предавањата е да се влијае на свеста кај децата за подобрување и зголемување на безбедноста во сообраќајот низ градските улици.

Предавањето ќе се одржи во средните училишта и тоа по следниот распоред:

На 24.03.2023 година (петок) во СОУ „Гимназија Кочо Рацин“ со почеток во 13:30 часот;

На 27.03.2023 година (понеделник) во ССОУ „Коле Неделковски“ со почеток во 14:30 часот.

Во текот на наредната недела вакви предавања ќе се одржат и во останатите средни училишта.