Уште една новогодишна бајка испишува Велес во својата историја. Празнична магија, незаборавно доживување и многу забава ќе го одбележат крајот на годината. Граѓаните ќе имаат можност да уживаат во музичките настапи, диџеј сетови и уметнички изведби на бројни изведувачи кои ќе се погрижат за добра забава и празнично расположение. И годинава Општина Велес организира Winterfest што ќе се одржи од 26 до 30 декември во Младински парк.

Во рамки на Новогодишниот хепенинг ќе биде отворен и новогодишен базар на кој велешките ракотворци ќе ги понудат своите креативни производи. Освен да уживаат со добра музика велешани ќе можат да се послужат и со вкусна храна и грееено вино. А за најмалите велешанчиња следуваат безброј изненадувања.

Слоганот на годинешната новогодишна бајка е „Велес – магијата почнува дома! Да се подготвиме домот да го направиме најубавото место во кое ќе ја испратиме старата, а ќе ја дочекаме Новата 2026 година.


Програма WINTRFEST