Активностите за дезиницирање на јавните површини во градот, станбените колективни згради, но и на главните и споредни улици продолжуваат со несмален интензитет и во текот на денешниот ден.

Општина Велес во соработка со ЈКП „Дервен” продолжуваат и денес со реализација на мерките и активностите за заштита и спречување на ширењето на Covid-19 (коронавирус), а истите ќе се спроведуваат и во вторник (21 април).

Покрај рачното дезинфицирање пред и во влезовите на станбените колективни згради, со механизација се дезинфицираат патеките на јавните површини, како и улиците во Велес.