Предвидените активности на терен согласно програмата на Општина Велес и ЈКП Дервен продолжуваат. Во тек е реконструкција на водоводната мрежа на улицата Орце Шутев, односно замена на старата водоводна линија со нова.
Градоначалникот Марко Колев заедно со директорот Горанчо Наунчев денес направија увид во работните зафати, а градоначалникот имаше прилика и да разговара со жителите од оваа улица и да ги слушне нивните потреби.
Довербата на граѓаните градоначалникот Колев ја доби токму поради непосредната комуникација со нив, а со преземањето на функцијата оваа пракса ќе продолжи и во иднина. Заложбите за поубав Велес и добросостојба на граѓаните остануваат наш приоритет.