Целосна промена на уличното осветлување, реконструкција и бетонирање на две улици ќе следува во село Иванковци. Градоначалникот Марко Колев ги посети жителите на ова село и разговараше со нив за нивните проблеми и потреби, но и за она што ќе се случува во иднина во нивното место на живеење. Тој им соопшти дека во тек е подготовка на апликација до Владата за реконструкција на главната улица во Иванковци, проект вреден скоро 14 милиони денари.
Инвестициите во руралните средини се неопходни за рамномерен развој на општината.