Денеска, 5 мај, е последниот ден кога граѓаните на Општина Велес можат да пријават габаритен отпад во ЈКП „Дервен“ . Пролетната акција за собирање на ваков отпад ќе се спроведе од 06 до 08 мај. Потребата за собирање на габаритен отпад од нивните домови треба да се пријави на следниот телефонски број: 075/303-168 до 15:00 часот. Во габаритен отпад спаѓа мебел, делови од мебел, душеци, прозорски заштитни решетки, кујнски елементи, кади, туш кабини и други санитарии, огради, врати, ролетни, тенди велосипеди, радијатори и други предмети. Услугата за собирање и транспортирање на габаритниот отпад е бесплатна.

Во рамки на одбележување на 9 мај, Денот на Европа, Општина Велес започна со реализација на низа пролетни акции за чистење на градот. Почнувајќи од денеска до недела ќе се спровеадт неколку акции за собирање на  селектиран отпад во сите основни училишта, во посебното основно „Маца Овчарова“ и во сите клонови на ОЈУДГ „Димче Мирчев“, чистење на јавни површини и Еко акција за чистење на коритото на река Вардар. На овие акции ќе учествуваат вработени во општинската администрација, градинката и основните училишта како и активисти на ЗГ „Македонски спасител“, вработени од јавното комунално претпријатие.

Централната акција е во сабота,08 мај, кога вработени во општинската администрација, ЈКП „Дервен“, активисти на еколошки здруженија на граѓани и граѓани ќе го чистат Шумскиот појас кон Сопот.

Акцијата е со предзнак „Генералка викенд“ и во неа може доброволно да се вклучи секој граѓанин кој има желба да живее во чиста и здрава животна средина.

Акцијата е во организација на компанијата „Мен енд маунтен“ со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање и „Пакомак“.