Во рамки на програмата за одбележување на 63. „Рацинови средби“ во локалната библиотека „Гоце Делчев“ се одржа промоција на книгата „Кралот над кралевите- потрагата продолжува“ од авторот Панче Коцев.
Романот е криминалистичко-историски роман, создаден од бројни историски факти, мистерија и мала доза хумор.
Промотор на романот „Кралот над кралевите-потрагата продолжува“ е Анде Јанков кој го отвори прашањето за тоа до каде е вистинската приказна во романот а од каде почнува фикцијата.