Почна пролетната акција за собирање на габаритен отпад од домаќинствата во Општина Велес. Денеска, комунални работници од ЈКП „Дервен“, од неколку локации на градот собраа 26 кубни метри габаритен отпад.
Граѓаните претходно го пријавија својот габаритен отпад во комуналното претпријатие.
Пролетната акција за собирање и транспортирање на габаритниот отпад ќе трае до сабота, 08 мај.