Со традиционалното дефиле на учесниците низ улиците на Велес, вчеравечер започна 19 –то издание на Интернационалниот фолклорен фестивал Велес 2024. Велес пулсираше во ритамот на музиката, песната и танцот на фолклорните групи од земјава и од странство. Велешани имаа можност да проследат традиционални танци од Турција, Украина, Словачка, Романија, Србија и Австралија.
Фестивалот свечено го отвори министерот за култура Зоран Љутков кој им посака топло добредојде на гостите учесници, а на посетителите им порача да поминат пријатни фестивалски вечери исполнети со забава и меѓусебно дружење.
На првата фестивалска вечер настапија КУД „Коле Неделковски“ – Македонија, ФА „Миорита“ – Романија, КУД „Разиграна Македонска“ – Австралија, Кочаели фолклор СК“ – Турција, КУД „Тодор Јанев“ – Македонија, ФС „Вах“ – Словачка, ФС „Блажевски“ – Македонија и ФА „Јагитка“ – Украина.
По приемот во кабинетот на градоначалникот Марко Колев учесниците ги посетија историските и културните знаменитости на градот.
ИФФ продолжува вечер со одржување на втората фестивалска вечер на која ќе настапат фолклорните групи од Србија, Црна Гора, Украина, Романија. На сцената во Амфитеатарот ќе се претстават и КУД „Гердан од бисери“ – Македонија, ОТИ „Стефан Гајдов“ и „Распеани велешани“.
Сите слики може да ги превземете на следните линкови: https://we.tl/t-gI2fnzQVWy https://we.tl/t-eFYPXFvi0W