Министерот за локална самоуправа Златко Перински и заменик министерот Ерџан Селими денеска во работна посета на Општина Велес. На средбата со градоначалникот Марко Колев се разговарало за тековната проблематика во врска со работењето на локалната самоуправа, како и за континуираната институционална соработка во изминатиот период. Средбата продолжи со претставници од Советот на Општина Велес и раководителите во општинската админисгтрација на која се дискутираше за поддршката од централната власт во реализација на капитални проекти, како и за потребата од подобрување на законските регулативи и продлабочување на соработката.