Се реконструира старата и дотрајана водоводна мрежа во село Мамутчево. Службите на ЈКП Дервен деновиве се активни на терен каде старата водоводна линија ја заменуваат со нова и се вршат приклучоци на домаќинствата што во голема мера ќе се подобрат условите за живот на тамошните жители.

Инвестициите во руралните средини се неоходни за рамномерен развој на општината.