Завршува реконструкцијата на дел од патниот правец Отовица-Сојаклари. Во тек е постилање на асфалтен слој на дел од патниот правец, на потегот до винаријата, со што реконструкцијата влегува во својата завршна фаза. Во наредниот период ќе следуваат завршните активности за етапно асфалтирање на целата траса со два асфалтни слоја.
Средствата за реализација на овој проект се обезбедени во соработка со Владата и Министерството за транспорт. Жителите на ова населено место ќе добијат целосно обновен и безбеден пат.