Отпочнати се градежни активности за реконструкција на дел од ул Кукушка во месноста “ Дворови “ – на потегот од спој со ул Никола Оровчанец до спој со ул Ѓоре Органџиев во должина од околу 100 м
Реконструкцијата подразбира вадење на гранитната коцка , припрема на подлогата со ископ , планирање , тампонирање и поставување на бетонски павер елементи (бехатон )
Во периодот на изведување на градежните работи потегот на кој се изведуваат градежни работи ќе биде забранет за сообраќај со поставена сообраќајна сигнализација .
Се замолуваат граѓаните да ја почитуваат поставената сигнализација , да покажат трпение и разбирање во периодот додека се изведуваат градежните работи .