Започнаа градежните активности за реконструкција на електричната и водоводната инсталација во спортската сала „Гемиџии“. Во рамки на проектот целосно ќе бидат обновени и тоалетите со што ќе се реши долгогодишен проблем  на спортскиот објект а со тоа значително ќе се подобрат условите за сите корисници на салата.

Средствата за реконструкција на салата се обезбедени од Општина Велес во соработка со Владата и Министерството за спорт, како дел од континуираните инвестиции на градот во спортската инфраструктура.