Следува реконструкција на патниот правец Чалошево-Дорутовец со што ќе се реши уште еден повеќегодишен проблем на граѓаните. Средствата за реконструкција на патот Општина Велес ги обезбеди во соработка со Владата и Министерството за транспорт. Жителите од овој дел на општината повеќепати досега доставувале барање за реконструкција на патот. Градежните зафати ќе започнат штом се создадат поволни временски услови.






