Започна реконструкцијата на регионалниот пат на потегот од Хотел Гардениа до Вулканизер Дине. Во тек е гребење на стариот асфалт и изведба на подготвителни работи. За реконструкција на регионалниот пат финансиски средства обезбеди Јавното претпријатие за државни патишта. Градежните работи на терен ќе ги изведува Македонија пат – Подружница Велес. Финансиската поддршка од ЈПДП е во висина од 20 милиони денари. Општина Велес се надева на добра соработка со јавното претпријатие и за идни инфраструктурни проекти.