Во тек се градежни зафати за реконструкција на спортско – рекреативниот комплекс во наслеба Дворови. Со проектот е предвидена реконструкција на спортските игралишта со што на постоечкиот асфалт на фудбалското и кошаркарското игралиште ќе се постави тартанска подлога, ќе се изгради нова ограда, ќе се постават нови светлечки столбови со рефлектори и ќе се постават нови спортски реквизити. Проектот опфаќа реконструкција и на атлетската патека со поставување на завршен слој на тартан и поставување на урбана опрема за деца. Ќе се изгради ѕид – карпа  и ќе се постават елементи за користење на карпата за качување, ќе се изведат и постават комплетно нови 22 канделабри во делот околу патеката, ќе се постават клупи и корпи за отпадоци, ќе се  обработат постоечки бетонски трибини со поставување на потконструкција и дрвени даски. На еден дел од паркот ќе се изврши хортикултурно уредување на просторот со порамнување, сеење на трева, садење на зеленило.

Со тоа ќе се добие современо уреден простор за спорт и рекреација како за најмладите така и за возрасните.