Ќе се реконструира училишната зграда во Башино Село. На средбата со Советот на родители и дел од наставниот кадар на подрачното училиште на ООУ „Панко Брашнаров“, се разговарало за проблемите со кои се соочуваат поради дотрајаноста на зградата. Градоначалникот Марко Колев ги известил дека на наредната седница на Советот на Општина Велес ќе има точка на дневен ред со цел пренамена на средства за целосна реконструкција на училиштето.
Во наредниот период ќе се аплицира проект до Владата со кој е предвидено да се реконструира патот од клучката кај Енмон до сред село.
Општина Велес продолжува со инвестиции во руралните средини неопходни за рамномерен развој на општината.








