По завршувањето на реконструкцијата на старата водоводна мрежа на улицата „11 Октомври“ започнаа градежните активности за целосна реконструкција на улицата. Во тек е вадење на стариот и дотрајан асфалт, по што ќе следуваат подготвителни зафати пред асфалтирање.
Улицата „11 Октомври“ е фреквентна и овозможува пристап до повеќе станбени згради и деловни објекти, и со нејзина целосна реконструкција жителите ќе добијат поквалитетна и побезбедна сообраќајна инфраструктура.
Средствата за реализација на овој проект се обезбедени во соработка со Владата и Министерството за транспорт и врски.












