Почна реконструкцијата на улицата во село Горно Оризари. Градежната механизација е на терен и активно работи на подготвителните земјени зафати за реконструкција на улицата. По завршување на подготвителните работи ќе следува асфалтирање, со што ќе се обезбедат подобри услови за движење и поголема безбедност.
Општина Велес продолжува да инвестира во инфраструктурата во руралните населени места со цел да обезбеди квалитетни услови за живот на сите граѓани.









