Ќе се реконструира влезот во Башино Село. Фирмата изведувач веќе е избрана и градежните зафати наскоро ќе започнат. Целосната реконструкција на влезот на селото е по барање на тамошните жители.

Проектот за реконструкција на влезот на Башино Село е еден од петнаесетте проекти за чија реализација Општина Велес обезбеди финансиски средства преку  Владата во соработка со Министерството за транспорт.

Реконструкцијата на влезот ќе придонесе за поефикасен развој на селото.