Започнува реконструкција на водоводната линија  на улицата „Луј Пастер“ за водоснабдување на комплекс згради Атлантис. Градежните работи ќе се изведуваат во траење од 90 дена. Трасата за работа започнува од спој со улица „Благој Ѓорев“ над игралиштето Тунел, поминува по цела должина на улицата „Луј Пастер“, наспроти цигланата „Киро Ќучук“, поминува под пругата и продолжува до станбените згради.

Во текот на реализација на градежните работи ќе се користи градежна механизација од различен вид и обем. На лице место е поставена соодветна сообраќајна сигнализација согласно проект за времен режим на сообраќај одобрен од страна на МВР СВР Велес.

Општина Велес со апел до граѓаните да покажат разбирање во текот на изведување на работите и да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација со цел непречено изведување на градежните работи и безбедно одвивање на сообраќајот.