Спортските активности се предуслов за здрав и правилен развој на децата и едно од предизборните ветувања на градоначалникот Марко Колев беше токму тоа – реконструкција на постоечки и изградба на нови спортски сали и создавање на услови за квалитетен спортски живот.
Градоначалникот Колев денес направи увид во градежните активности за реконструкција на спортската сала во ООУ „Св.Кирил и Методиј“ каде интензивно се работи, но активностите не застануваат тука. Во идниот период ќе се отпочне со изградба на спортска сала во ООУ „Рајко Жинзифов“ – с.Оризари, а исто така во тек е изработка на планска документација за нова спортска сала во с.Бузалково, во склоп на ООУ „Лирија“. Уште една сала предвидена за изградба е во ООУ „Васил Главинов“, за каде службите ја продолжија постапката за изработка на детален урбанистички план, неопходен за понатамошни активности.
Поубав Велес е возможен, поубав Велес станува реалност!