Се известуваат граѓаните на општина Велес дека од недела, 10.04.2022 година, од 07:00 часот, Македонски железници ќе започне со реконструкција и модернизција на коловозот со елементи од рециклирана гума на патниот премин на ул „Илинденска“ – мост “Гемиџии“ во Велес.

Градежните работи би требало да бидат завршени до сабота, 16.04.2022 година. Поради извршување на градежните зафати ќе има времена измена на режимот на одвивање на сообраќајот на овој патен правец.

За времетраење на изведувањето на работите, улицата „Илинденска“ од кружниот тек во центар и Нов мост, се до кружниот тек на улица „Димитар Влахов“ во целост ќе бидат затворени за секаков вид на сообраќај со поставена соодветна сообраќајна сигнализација. Сообраќајот ќе биде пренасочен преку улицата „8 Септември“ и “Стар мост “.

Општина Велес апелира за внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сигнализација.

Воедно се замолуваат граѓаните да покажат трпение и разбирање во интерес на безбедно и квалитетно завршување на работите.