Се изведуваат градежни активности за реконструкција на фекална канализација на улиците „Страшо Пинџур“, „Никола Оровчанов“ и „Илинденска“ во должина од 400 метри. Реконструкцијата на фекланата канализација е во вредност од 5.797.950 денари и е дел од прокетот финансиран од Министертсвото за транспорт и врски за реконструкција на водоводни и канализациони линии на територија на Општина Велес. Изведувач на градежните работи е фирмата „Делта Пром Инг“.

Градоначалникот Марко Колев и в.д. директорот на ЈКП „Дервен“ Горан Наунчев денеска ги посетија локациите на кои се изведуваат градежните активности. Истовремено направија увид и на реконструкцијата на фекалната канализација на улицата „Јовче Чучук“ и дел од улицата „Орце Шутев“ во должина од 350 метри. Реконструкцијата е со вредност од 5.302.000 денари, обезбедени преку проектот финансиран од Министерствот за транспорт и врски. Изведувач на градежните работи е фирмата „Делта Пром Инг“.